https://www.facebook.com/olafscholz/photos/10160625402179311

22.06.2022 Скопје

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, пред Бундестагот даде остра изјава дека воопшто не е изненаден што Самитот ЕУ – Западен Балкан, за малку ќе бил откажан, бидејќи лидерите на Северна Македонија, Србија и Албанија одбиле да одат на истиот.

Шолц истакна дека по толку неостварени ветувања, воопшто не е изненадување што се случуваат такви работи. Тој додаде и дека Северна Македонија дури го смени и името за да го реши спорот со Грција и сето тоа ништо не помага и не се придвижува, сосема е разбирлива вознемиреноста која се чувствува во оваа земја.

Шолц истакна и дека затоа Германија мора јасно да се позиционира, за да знаат овие земји дека „Германија е на ваша страна“.

Тој изрази надеж дека сите ќе излезат од своите сенки и ќе ја сфатат својата одговорност.

Подготвено од М.Н.

About Author