
08.06.2022 Скопје
Во обраќањето во Охрид на Самитот „Отворен Балкан“, заменик – помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, порача дека САД охрабрува за иницијативата Оворен Балкан да остане економска и дека ова не е политички проект, туку е важен економски проект и битно е да остане таков и да се фокусира на создавањето можности за луѓето од регионот.
Ескобар потсети на неодамна одржаниот стратешки билатерален дијалог меѓу Северна Македонија и САД, каде било договорено дека САД ќе направат се што е во нивна моќ да го стабилизираат регионот и да создадат нови можности за луѓето од Западен Балкан. Исто така, истакна и дека Западен Балкан има потенцијал да биде центар за обновлива енергија, што ќе ни помогне да се справиме со климатските промени.
Ескобар потенцира дека САД ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан и нивната поддршка се заснова на сите економски иницијативи што го зближуваат регионот и кои промовираат мир и стабилност меѓу земјите од Западен Балкан. Воедно, и секоја иницијатива за економска интеграција треба да ги вклучува сите шест земји од Западен Балкан на еднакво ниво.
Предвидено е лидерите на земјите учеснички на самитот да потпишат договор за соработка и меѓусебно признавање дипломи и научни оценки, издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областите туризам, култура и даночна администрација во Западен Балкан.
Подготвено од А.Ѓ.