https://www.facebook.com/photo/?fbid=3109728422610846&set=pb.100007211555008.-2207520000..

28.06.2022 Скопје

Откако протекоа информации и снимки на социјалните мрежи за новиот воздушен напад на Русија, Украинскиот претседател, Володимир Зеленски излезе со изјава и го осуди овој напад, велејќи дека тоа е терористички чин.

Зеленски изјави дека руската држава е станата најголема терористичка организација во светот и дека ова мора правно да биде осудено. Исто така, додаде и дека секој во светот што ја купува или ја транспортира руската нафта, секој што одржава контакт со руските банки и плаќање даноци и царини, значи дека даваат директно пари на руските терористи.

Според Обединетите Нации, почетокот на војната во Украина, повеќе од 4 634 цивила го загубиле животот, а повеќе од 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Подготвено од М.Н.

About Author