29.06.2022 Скопје
Американскиот претседател, Џо Бајден, од Самитот во Мадрид, изјави дека ќе има ново распоредување на американските војници во Европа.
Бајден изјави дека врз основа на заканите што доаѓаат од Русија, САД ја менува позицијата на моќ во Европа и ќе го зголемат бројот на разурнувачи во Шпанија. Исто така, истакна и дека САД ќе го зајакне своето воено присуство во Европа, за да може НАТО да одговори на заканите од сите правци, Вашингтон ќе испрати две дополнителни ескадрили „Ф-35“ во Велика Британија и ќе го формира штабот на 5 армии во Полска.
Самитот на кој централна тема беше војната во Украина, ќе заврши утре. По вчерашното турско укинување на ветото, Шведска и Финска ќе може да влезат во НАТО.
Подготвено од М.Н.