28.06.2022 Скопје
После консултациите со најмалата партија во 47, претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјави дека политичките консултации се завршени и првиот мандат за формирање на нова Влада, ќе му го предаде на најголемата политичка сила во парламентот „Продолжуваме со промената“.
Румен Радев не прецизираше кога ќе биде доделен мандатот за новата Влада, бидејќи тој треба да замине за Мадрид, каде ќе присуствува на Самитот на НАТО и таму ќе биде до 30 Јуни.
Според изјавата на Радев, јасно е дека нема да има повеќе консултации со политичките партии околу мандатот за новата влада, но партијата „Преродба“ побара од Радев да не доделува трет мандат на најголемата политичка партија, туку да тргне кон предвремени парламентарни избори.
Подготвено од М.Н.