28.06.2022 Скопје
Шефот на комисијата на Советот на федерацијата за заштита на државниот суверенитет, Андреј Климов, изјави дека Русија е моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО, не е важен во глобалната стратешка смисла.
Климов изјави дека учеството на северните соседи во Алијансата нема да ги подобри нивните односи со Москва, во исто време и Шведска и Финска имаат одредени придобивки од нивната неутралност, а со зајакнување на воената инфраструктура на нивните територии можат да си направат само проблеми.
Ова е прва реакција на Москва, откако министрите за надворешни работи на Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум за проширување на НАТО кон двете земји.
Подготвено од М.Н.