03.06.2022 Скопје
Државното правообвинителство заради запознавање на јавноста со фактите за конкретниот случај, во соопштение за медиумите е наведено дека истата поднела барање до Јавното обвинителство за поткренување на постапка за утврдување на одговорност, покрај останатите одговорни лица и покрај одговорното лице на Државното правообвинителство на Република Северна Македонија, за клучен договор за дело со Бесмира Ејупи.
Од страна на Државното правообвинителство се побарани докази од договорот склучен со Бесмира Ејупи, и дали има добиено согласност од Министерството за финансии, дека согласно договорот е извршена работата заради кое е ангажирано лицето.
На крајот е побарано од членот на Комисијата, Катица Николовска, јавно да одговори на прашањето дали постои судир на интереси при нејзиното постапување во случај со Државното правообвинителство.
Подготвено од М.Н.