https://www.flickr.com/photos/isidorhefter/9448590051/in/photolist-foWuD2-4H1juM-dAxtD4-9XChfL-HnZGjA-X6G43h-Fs27wq-aovudG-5T6oV9-e6YFGM-2maJeS8-8EQHGq-4RFzpo-dfGhw-kEMW8-dMBXaM-9MPqBv-bvhKWV-Hweeok-ofCMyv-e6YEk4-tPJX4-6zQ8VF-2mv2nnP-Mwygk1-bH8uRZ-bH8uRP-2vcMmB-3WFETv-NSPHH2-Q3hnb6-bqqaMr-LKMJfA-bupj8F-2h5BK15-4CdJ3L-spwkuJ-bNxjrk-2itVSrw-e6YCtX-4rfjwA-4UQgv8-dACXnS-2maJ8ZM-5hbymt-iGQfaY-7Hg25s-4pBJba-dUENKD-9YvHfF

17.06.2022 Скопје

Денешната расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година, ќе продолжи во понеделник.

И на третиот ден од комисиската расправа, пратениците од опозицијата и од власта останаа со спротивставени ставови.

Со ребалансот на Буџетот, за опозицијата значи дека економијата е разрушена и постојано ќе се зголемува сиромаштијата, додека пак за власта значи дека се остварува заштеда на сериозни средства, кои ќе се искористат за директна помош на граѓаните.

Членовите на Комисијата во текот на расправата за ребалансот на Буџетот, треба да разгледаат преку 200 амадмани, поднесени претежно од опозициската партија.

Подготвено од М.Н.

About Author