23.06.2022 Скопје
Пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан, албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека е срамно што една земја членка на НАТО – Бугарија киднапира две земји членки на НАТО – Албанија и Северна Македонија.
Рама истакна дека ова сега со Бугарија и не е толку застрашувачки, туку плаши фактот што секогаш ќе има по некоја „Бугарија“, овде или на друга страна што може да го блокира процесот за ЕУ.
Рама додаде и дека Албанија ќе продолжи по европскиот пат, бидејќи друга алтернатива нема, додавајќи дека независно од тоа што ќе се случи денеска, Албанија ќе продолжи да ја одработува својата задача, не затоа што тоа го бара Брисел, туку затоа што тоа го бара албанската нација.
Во однос со доделувањето на кандидатскиот статус на Украина, Рама им порача на украинските граѓани да немаат многу илузии.
Подготвено од М.Н.