18.06.2022 Скопје
Рускиот претседател, Владимир Путин, учествуваше на 25-ти Меѓународен економски форум во Санкт Петербург.
Путин изјави дека не се противи на кандидатскиот статус на Украина за влез во ЕУ, бидејќи ЕУ не е воена сила, но се противи на НАТО.
На Самитот, рускиот претседател се осврна на проблемот на увозот и извозот на прехрамбените продукти, наведе дека Русија има моќ значително да го зголеми извозот на храна и ѓубриво и дека проблем има само во снабдувањето со храна која доаѓа од Западот.
Во врска со житото од Украина, Путин кажа дека не се виновни за тој проблем, бидејќи не поставуваат тие мини во пристаништето на Црното Море. Путин истакна дека има неколку опции за извоз на жито од Украина, но за тоа само Киев треба да одлучи без да ги слуша „оние преку океанот“, бидејќи многу лоши реторики доаѓаат од устите на неодговорните политичари.
Во врска со војната, рускиот претседател појасни дека тие никому не се закануваат и сите треба да знаат дека си го штитат нивниот суверенитет и додаде дека воените конфликти се секогаш трагедија и ова е само неопходна акција од нивна страна, а тоа било неизбежно.
Подготвено од М.Н.