https://www.facebook.com/photo.php?fbid=568182091342584&set=pb.100044523937585.-2207520000..&type=3

21.06.2022 Скопје

На лидерската средба во Приштина, Али Ахмети кажа дека време е Србија и Косово да потпишат историски договор.

Ахмети истакна и дека помеѓу Србија и Косово постојат теми кои не се лесни за разговор, но потребен е договор од двете страни, бидејќи проблемот не е само во Косово.

Ахмети се осврна и на војната во Украина и кажа дека „Путин не е болен, тој има царска доктрина и има платформа да реализира голема идеологија“.

Премиерот, пак, на Албанија, Еди Рама, кажа дека партиите на Косово мора да ги засилат напорите за да се интегрираат во Европа и ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author