28.06.2022 Скопје
На прес – конференција по Самитот на Г7, германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека санкциите кон Русија ќе завршат кога рускиот претседател, Владимир Путин, ќе прифати дека неговите планови за Украина се пропаднати.
Шолц кажа дека лидерите на Г7 сакаат Русија да ја плати максималната цена за инвазијата врз Украина.
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, истакна дека Г7 ќе остане обединета во поддршката на Украина и ќе продолжат да ја одржуваат и зајакнуваат економската и политичката цена што Путин и неговиот режим ќе мора да ја платат.
Подготвено од М.Н.