06.06.2022 Скопје
Од Основното јавно обвинителство – Битола информираат дека е спроведена е истражна постапка против 20 годишен битолчанец, осомничен за сторено кривично дело „ неовластено производство и продажба на наркотични дроги “ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Надлежниот јавен обвинител оценил дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото, затоа од Основен суд Битола е доставен предлог за определување мерка притвор, којшто е прифатен и одредени се 30 дена притвор за обвинетиот.
Подготвено од М.Н.