https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Panorama_na_Tetovo_02.JPG

02.06.2022 Скопје

Граѓаните на Тетово на социјалните мрежи пишуваат дека и после четири дена од големиот пожар во фабриката Пофикс, во Тетово, лошата миризба се чувствува во воздухот, особено во вечерните и утринските часови.

Од тетовскиот Центар за Јавно здравје со изјава се обрати и д-р Ратко Давидовски и кажа дека честичките во воздухот се „фрапантно добри“. Тој додаде и дека при таков пожар да има такви добри вредности е вистинско чудо, но мора да се прифатат резултатите што ги покажува мониторинг станицата на Министерството за животна средина.

Давидовски сепак смета дека во воздухот има присуство на тешки метали, но не ги има добиено тие параметри, бидејќи со самото присуство на миризбата по пожарот, здравјето на граѓаните на Тетово било загрозено.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author