30.06.2022 Скопје
Од Владата соопштија дека преку Министерството за надворешни работи до Владата на Република Северна Македонија, од француското претседателство пристигна предлог со кои идеи се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.
Ова ќе претставува основа за отварање на широк консултативен процес, прво во Владата и коалициските партии, а потоа и со претседателот Стево Пендаровски со парламентот и опозицијата, и на крајот секако консултации со граѓанскиот сектор и целата јавност во земјата.
Од Владата на Република Северна Македонија соопштија дека одлуката за нашата иднина ќе биде донесена заеднички како што ветија и сакаат да упатат благодарност до претседателот Макрон за неговиот напор да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот.
Подготвено од М.Н.