10.06.2022 Скопје
Во обраќање за медиумите на Сања Лукаревска, таа се произнесе во врска со препукувањата на политичките субјекти во државата, поради блокадата на Собранието.
Лукаревска изјави дека ако се блокира ребалансот на Буџетот, тоа ќе значи дека нема да може да се реализираат мерките, кои ќе значат справување со кризата, во процедурата се битни законите, кои не би требало да бидат жртви.
Приоритет на сите политички субјекти треба да биде решавање на кризата и изнаоѓање на најдобро решение, кое ќе биде најдобро за граѓаните.
Лукаревска додаде и дека независно кој која партија е, треба да се покаже дека се има слух и доблест за решавањето на проблемите.
Подготвено од М.Н.