04.06.2022 Скопје
Во периодот од 2 до 4 Јуни, во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за спречување на недозволената трговија со дрога и други кривични дела, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, Специјална антитерористичка единица Тигар и Единица за службени кучиња во координација со Управата за јавни приходи извршија контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се легитимирани повеќе од 150 лица, а приведени се 14 лица, кај кои е пронајдена дрога – бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана, екстази и други наркотици.
Меѓу приведените е и Ф.И. (25), полициски службеник, кој не бил на работна задача, а при прегледот кај него е пронајдена дрога. За случајот, веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Подготвено од А.Ѓ.