18.06.2022 Скопје
На наплатната станица „Сопот“, по претходно добиена судска наредба, било запрено возило со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Г.(19) од Кавадарци.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека при претрес на приведеното лице биле пронајдени и одземени околу 100 гр кокаин и пари.
Дополнително, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени пари во различни валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Подготвено од М.Н.