https://www.facebook.com/photo.php?fbid=582445759913005&set=pb.100044427579784.-2207520000..&type=3

15.06.2022 Скопје

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, е во мини балканска турнеја и ќе биде во посета на Северна Македонија, каде што ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски и Мишел ќе имаат тет-а-тет средба во „Вила Билјана“ во Охрид, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Мишел ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог, во организација на Владата на Северна Македонија.

Пред посетата на Северна Македонија, Мишел бил во посета на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Подготвено од М.Н.

About Author