24.06.2022 Скопје
Од Стејт департментот соопштија дека сметаат дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.
За Вашингтон веродостојноста за проширувањето на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.
САД укажува на тоа дека продолжува нивната поддршка за побрз почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.
Со ваков став и поддршка излезе Американската Влада откако Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, заврши неуспешно.
Подготвено од М.Н.