https://twitter.com/sovetambasadori/header_photo

21.06.2022 Скопје

Поради францускиот предлог за одблокирање на пристапниот пат на Северна Македонија кон ЕУ, Советот на амбасадори смета дека преговарачката рамка треба да биде реализирана од Брисел, а не од Софија.

Советот ги поздравува напорите на францускиот претседател Макрон и на канцеларот Шолц и активно ја подржуваат интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

Советот на амбасадори смета дека преговарачката рамка претставува мултилатерален документ, чија намена е да послужи како водилка за темелното реформирање и пристапување на државата кандидат кон ЕУ.

Изразуваат надеж дека Бугарија ќе биде на ниво на пријателска држава, во чиј национален интерес е соседната држава и Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ.

Советот на амбасадори апелираат до Владата, да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и да опстои на црвената линија за зачувување на идентитетот и интегритетот на Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author