https://www.flickr.com/photos/eu-delegation-albania/49395960046/in/photolist-2m5FmQV-2kfanoj-2kfaKwD-2kfaKNA-2kf6uPG-2kfaKEz-2kfaKBo-2jQRbZZ-2kfaLL2-2jQQjQz-2jQLMjB-2ifYh1i-2ifYfvK-2ifYhiN-2ifXeP5-2ifXcZy-2ifULvi-2ifXevQ-2ifYgpD-2ifYhRM-2ifUKtP-2ifUL3u-2ifUMiR-2jQQjWM-2ifYgP1-2ifYfmS

27.06.2022 Скопје

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека после многу напори кои се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, првата меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија можно е да се одржи во наредните денови.

Вархеји додаде дека ЕУ е решена да го внесе целиот регион во ЕУ и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат интегрирани во сите можни механизми за ублажување на кризите во прехранбената индустрија, безбедноста на храната, но и за набавките на гас, поради војната во Украина и истакна дека има решение на маса, кое е одобрено од бугарскиот парламент, останува Северна Македонија на потег, и сите пречки ќе бидат надминати.

Подготвено од М.Н.

About Author