01.06.2022 Скопје
Еуросупер БС – 95 од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, а Еуросупер БС – 98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М – 1 НС и останува 54,64 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на цените, РКЕ ги посочува зголемените референтни цени на светскиот пазар.
Подготвено од М.Н.