10.06.2022 Скопје
Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, соопштил дека црногорската влада на секој начин се обидува да и помогне на Украина, во војната со Русија.
Абазовиќ истакна дека во Црна Гора има повеќе од 10 илјади украински бегалци и Владата ќе направи сите да се чувствуваат добро и без проблеми да останат во земјата, но се надева дека руската агресија нема да трае уште многу и ќе се изнајде разумно решение за да се стави крај, бидејќи жално е во 21 век, човечкиот род да трпи ваква агресија. Исто така, се осврна и на руските туристи, коишто ја посетуваат Црна Гора за време на летниот период, иако ќе биде тешко на економски план, затоа што сочинуваат 20 отсто од бкупниот број на туристи, тој истакна дека сепак Црна Гора ќе остане доследна кога станува збор за санкциите против Русија.
Подготвено од М.Н.