https://www.facebook.com/photo.php?fbid=699011574754991&set=pb.100039384651153.-2207520000..&type=3

08.06.2022 Скопје

Заменик – помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во заедничко интервју за „Гласот на Америка“, реализирано при посетата на македонската делегација на Вашингтон, оценија дека тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот и постои итност за придвижување на интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Купер смета дека застојот во евроинтеграциите оди во корист на Москва, која „ќе настојува да ги влоши поделбите и да го попречи пристапот“, без разлика дали тоа беше пред НАТО, што Русија се обиде да го спречи, и сега во ЕУ.

Министерката Петровска во Вашингтон, минатата недела, учествуваше на стратешкиот дијалог помеѓу двете земји, а оствари и низа средби во Стејт Департментот, во Пентагон и во Пенсилванија. За време на стратешкиот дијалог беше најавен американски грант од 40 милиони за модернизација на Армијата на Република Северна Македонија и за зголемување на заштитата од хибридни закани, за кои Петровска порача дека е видливо нивното засилување, особено по почетокот на рускатта агресија врз Украина.

Петровска смета и дека предолгото тактизирање или оддлагање на почетокот на преговорите заради ветото, кое го имаме од Бугарија, може да предизвика сериозен безбедносен проблем на Балканот, заради тоа што веќе се чувствува на некој начин фрустрацијата од предолгото чекање во овој процес и тоа е нешто што дополнително ја обезхрабрува и администрацијата и општеството во целина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author