21.06.2022 Скопје
Делегациите на Белград и Приштина, во Брисел, договорија патоказ за имплементација на енергетски договор. Ова овозможува фактурирање на електричната енергија во четири општини во северно Косово, во согласнот со законите и регулаторниот систем на Косово.
Лајчак на Твитер напиша дека со задоволство може да соопшти дека Белград и Приштина усвоиле енергетски договор и дека ова претставува голем чекор напред, додека пак Бислими напиша дека денеска во Брисел е одобрен патоказот за спроведување на енергетски договор во согласност со регулаторниот систем на Косово.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, утрово во Брисел остварил средба со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак во рамките на новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, а претходно Лајчак имал средба со главниот преговарач на Приштина, Бесник Бислими.
Подготвено од М.Н.