https://www.facebook.com/photo.php?fbid=622234789270152&set=pb.100044509086420.-2207520000..&type=3

14.06.2022 Скопје

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, остро им се обратил на своите команданти, бидејќи полскиот арсенал на оружје е премногу намален поради воената помош за Украина.

Полска е најголемиот снабдувач на Украина со тешко оружје, обезбедувајќи воена помош од 1,7 милијарди долари, откако Русија ја започна својата воена операција во февруари, годинава.

Полска прими повеќе од три милиони украински бегалци и ја обвини ЕУ дека нема обезбедено компензација за огромните трошоци.

Дуда, во своето обраќање, на сите сојузници, особено на ЕУ им порача дека бараат да им се врати воената опрема или барем делумно да го компензираат она што го имаат изгубено, бидејќи ќе требаат години за да се замени таквото оружје, а очекува дека празнините во полските ресурси ќе бидат пополнети во рамки на механизмите за поддршка од сојузниците.

Подготвено од М.Н.

About Author