https://www.facebook.com/photo/?fbid=593607644899081&set=a.490794179070318

29.06.2022 Скопје

Поради големиот број понижувања на македонскиот народ и држава, една политичка партија во Северна Македонија постави неколку барања до Владата. Едно од барањата е итен прекин на преговорите со Бугарија и да се престане работата со Историската Комисија, исто така бараат од Македонското МНР, бугарскиот амбасадор да се прогласи за персона нон грата и да биде протеран од државата.

Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации, каде што имаме еднаков статус, како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН.

Следно барање е да се побара извинување со отворено писмо од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски“.

Партијата, воедно, бара во Собранието на Република Северна Македонија веднаш на дневен ред да бидат ставени нивните барања и истите да бидат изгласани од страна на пратениците.

Подготвено од М.Н.

About Author