https://www.flickr.com/photos/arbeiderpartiet/3360157320/in/photolist-67VFGU-9wTf9t-eyvaNw-67VFZ3-6Z6JZi-mqKbg6-6Zam8E-6Z6VHH-6Zam3W-67S9d4-6Zam61-6ZambW-9wTf2b-9wTeRs-6ZaSEm-8jk78y-8jkg7J-8jgKa2-8jgHY8-6ZaLgo-8jgUuK-8jk43S-8jh8ZZ-mFQ7uh-fUFLKS-6Z6kuF-8jkiDN-fUFLXf-6ZaPwq-mFNbGR-6ZaFPL-6ZaHfy-fJ7w3y-mFNwXi-fKzVoW-fKikya-6Z6L9t-fKikGr-fKikPT-6ZaPRC-6Zaniq-6Z6kFP-6ZatdW-eyuhEA-6Zamwj-6Z6opH-6ZapHy-6Zam2s-6ZanK7-eyuhos

19.06.2022 Скопје

Според изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, трошоците за војната се големи, но цената Москва да ги постигне своите воени цели е уште поголема и затоа Западот мора да ја поддржува Украина во војната, што ќе трае со години.

Ваквата изјава на Столтенберг доаѓа откако на долгорочна војна предупреди и британскиот премиер, Борис Џонсон.

Министерот за одбрана на Украина, Ресников во Брисел имаше средба со претставници на околу 50 земји од групата за одбрана на Украина со цел да побара повеќе оружје и муниција.

Украинскиот министер за одбрана кажа дека Украина досега добила само мал дел од она што и е потребно за да се одбрани од Русија и бара да добие потешко оружје.

Подготвено од М.Н.

About Author