11.06.2022 Скопје
Поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, во колумна за сегашниот претседател Радев, повикува на решителни политички чекори на „проевропејците“ во Бугарија, со што би се спасила иднината на земјата.
Според неговата изјава, посетата на германскиот канцелар, Олаф Шолц, на Скопје и Софија е последниот напор на лидерите на демократскиот свет да го решат тој процес.
Плевнелиев напишал и дека Кирил Петков треба да отвори дебата во Народното собрание, и апелира Радев да застане на вистинската страна, бидејќи од историска гледна точка не е важно ни колку мандата ќе има, ниту каков му бил рејтингот, туку успехот од напредокот и модернизацијата на општеството и државата, а тоа е возможно единствено преку забрзана интеграција во Еврозоната и Шенген.
Во колумната стои напишано дека доколку Радев застане на вистинската страна, тогаш Плевнелиев јавно ќе му се заблагодари.
Подготвено од М.Н.