15.06.2022 Скопје
Во седиштето на Алијансата во Брисел ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет на ниво Министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, заедно со министрите за одбрана на 29-те сојузници, на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата, а тоа се одвраќањето и одбраната, како и споделувањето на товарот.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, Петровска ќе оствари повеќе билатерални средби со министрите за одбрана на сојузничките земји, а ќе се сретне и со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд.
Подготвено од М.Н.