24.06.2022 Скопје
Славјанка Петровска, во обраќањето пред собраниската Комисија за одбрана и безбедност во нејзината посета на Вашингтон, рече дека САД е наш долгогодишен стратешки партнер со кои градиме политика на заемна доверба.
Министерката извести дека од заедничкиот разговор со САД биле донесени неколку заклучоци, меѓу кои бил констатиран напредокот на Северна Македонија, по однос на реформите и процесите за спроведување на НАТО.
Таа посочи дека во Министерството за одбрана се усвоени долгорочни планови за развој на способностите на Армијата.
Соработката со САД ќе продолжи и ќе биде интензивна уште повеќе и апелираше дека кога се зборува за одбрана и безбедност, дневната политика да се тргне на страна.
Подготвено од М.Н.