https://www.flickr.com/photos/193268753@N04/51933460874/in/photolist-2n8byzQ-2n4fnAi-2n4h5BH-2n4h5Ce-2nnKdaU-2nnMMZH-2nnMMRG-2nnKmNh-2nnMN4f-2nnMNVa-2n9sRor-2n9rBx1-2n9sQdk-2nnGvVF-2nnGvWC-2nb7Cpn-2nb1UNv-2nrLb2p-2nrK5my-2nrK67G-2nrNEcc-2nrEWsm-2nb8q5T-2njMck9-2njNvSi-2n9umNH-2njL28K-2n12g7Y-2nb75xE-2nb1UPY-2nb75yw-wiprUu-vncweF-su1NJe-2n9mckx-2nnMNTg-sLtize-bo2oF6-26hv3PR-2n8bQGE-2nb7yTA-2naZYP3-2nrK7xs-2nvy95d-2nqvsk1-2nrKcdB-2nrKckA-2nrMz5F-2nrK6sS-2nrKcD1

23.06.2022 Скопје

За медиумите во Брисел на Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, Кирил Петков изјави дека во понеделник ќе поднесе оставка од Владата на Република Бугарија.

Петков изјави дека документите веднаш ќе бидат пополнети и доставени и нема да има никаков проблем. Тој додаде и дека во Брисел имало многу тешки разговори, поради сериозните очекувања Бугарија да го тргне ветото за Северна Македонија и Албанија, но јасно стави до знаење дека тоа е одлука на бугарскиот парламент и кажа дека некои од барањата од францускиот предлог, се тешко прифатливи за Северна Македонија, но тие барања не се само од страна на Софија, туку се и барања на Европа.

Подготвено од М.Н.

About Author