14.06.2022 Скопје
Откако министерот за спорт во оставка, Радостан и уште неколку пратеници од партијата „Има таков народ“ се приклучија кон партијата на Петков, односно останаа лојални на Бугарија, се очекува уште седум лица да го следат нивниот пример.
Петков изјави дека има храбри и одговорни луѓе во Бугарија и дека организирање на уште едни избори ќе биде загуба на историско време. Тој додаде и дека ако се случи Собранието да не го усвои ажурирањето на Буџетот, ќе се запрат 12 милијарди европски фондови, пензиите нема да се ажурираат, цените на горивата ќе продолжат да растат и веројатно на есен се очекува уште еден бран на Ковид – 19, тоа би било погубно за Бугарија и бугарскиот народ.
Подготвено од М.Н.