https://www.flickr.com/photos/worldeconomicforum/52098765390/in/photolist-2nnMMRG-2nnKmNh-2n4NECd-2n9sQdk-2nq5ose-2n89Trt-2n8byzQ-2n4fnAi-2n4h5BH-2nrEWn6-2n4h5Ce-2nnMNVa-2n9sRor-2n9rBx1-2nnMMZH-2nrLbhj-2nnGvVF-2nnGvWC-2nb7Cpn-2nnQmnV-2nb1UNv-wiprUu-2nb8q5T-2njMck9-2njNvSi-2nnMNTg-2njL28K-2nb75xE-2nrLb2p-2nrK5my-2nrK67G-2nb1UPY-2nb75yw-2nrNEcc-2nrEWsm-vncweF-su1NJe-2n9mckx-2n9umNH-sLtize-2n12g7Y-bo2oF6-26hv3PR-2n8aaj5-2n8bQGE-2nb7yTA-2nvy95d-2nrK7xs-24TtfXT-26fo3ZB

17.06.2022 Скопје

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, изјави дека нема да донесе никаква независна одлука и ќе ја следи волјата на бугарскиот парламент.

Петков истакна дека единственото нешто што ќе го каже на маса со европските лидери е дека нема да го смени бугарскиот став доколку нема одлука од парламентот и дека доколку е вистина тоа што го слушнал во францускиот предлог, ќе има гаранција за Бугарите во Северна Македонија и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот на земјата, сепак нема да донесе било каква одлука. Исто така, и дека тој не го има прочитано францускиот предлог, бидејќи предлогот е испратен директно во Собранието.

Подготвено од М.Н.

About Author