29.06.2022 Скопје
Официјално започна Самитот на НАТО во Мадрид, на кој учествуваа и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заедно со делегација од Македонија.
Делегациите беа пречекани од страна на домаќинот, премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез и генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг.
Досега не се памети да бил организиран Самит во исто време додека се води војна на европскиот континент. Војната во Украина, односно руската инвазија врз Украина, ја диктира агендата на овој Самит и ова е вистинско време да се покаже дека постои голема солидарност и сплотеност во рамки на Алијансата и дека во целост ќе се даде поддршка на украинскиот народ.
Во наредните неколку дена, претседателот Пендаровски ќе учествува на трите состаноци на Северно – атланскиот совет, што ќе се одржат на ниво на шефови на држави и Влади.
На овој Самит, што се одржува во Мадрид, ќе бидат разгледани и актуелните безбедносни предизвици и се очекува да биде усвоен новиот стратегиски концепт на НАТО Алијансата.
Подготвено од М.Н.