https://www.facebook.com/photo.php?fbid=592124332477616&set=pb.100050401633791.-2207520000..&type=3

07.06.2022 Скопје

Од МВР соопштија дека пејачот Ламбе Алабакоски е личноста која го запалила клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека нема да има „пардон“ за случајот, откако со задоволство соопшти за брзата и ефективна разрешница на случајот, со кривично – правниот настан – пожарот во центарот „Иван Михајлов“ во Битола. Тој додаде и дека се работело деноноќно да се изнајде сторителот, со што се земале предвид сите докази, а по извршените службени разговори е изнајден сторителот на ова дело, а тоа е пејачот Ламбе Алабаковски.

Бугарската министерка Теодора Генчовска, претходно, објави опис на пироманот во јавноста, со што изјави дека на снимките на една од камерите можело да се види човек, кој мирно пристигнал со велосипед пред клубот, извадил цевка со запалива течност и мирно ја истурил течноста пред вратата од клубот. Таа додаде дека човекот носел маска и дека неговата смиреност за брзо време била нарушена, затоа што пожарот кој избувнал бил огромен.

Бугарската министерка смета дека ова „дело е направено ладнокрвно, смислено и намерно“ и дека овој насттан нема да влијае на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author