https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/ab/Panorama_de_l%27h%C3%A9micyle_de_l%27assembl%C3%A9e_nationale.jpg

12.06.2022 Скопје

Во Франција, денес, почнува првиот круг од парламентарните избори, во кој има 6 300 кандидати за 577 пратенички места во Националното собрание.

Оние кои нема да бидат избрани во првиот круг, за да влезат во вториот круг на 19 Јуни, треба да бидат на првите две места во нивната изборна единица или да имаат најмалку 12,5 отсто од гласовите.

За разлика од 2017 година, овие парламентарни избори имаат 20 отсто помалку кандидати за место во Националното собрание на Франција.

Доколку, Емануел Макрон добие само релативно мнозинство, тој ќе биде принуден да преговара со другите парламентарни групи за да ги одобрат неговите закони.

Откако Марин Ле Пен собра повеќе од 41 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори, Националниот собир стравува дека ќе биде ставен зад Нупес и Заедна. Сепак, тој се надева дека ќе добие меѓу 20 и 40 пратеници, наспроти осумте избрани во 2017 година и на тој начин ќе се формира пратеничка група за прв пат од 1986 година.

Подготвено од М.Н.

About Author