22.06.2022 Скопје
Заврши првото успешно гласање за недоверба на Владата на Бугарија, Владата на Кирил Петков.
Со 123 гласа „ЗА“ и 116 „ПРОТИВ“, Владата падна и сега останува да си поднесе оставка.
Предлогот за гласањето беше поднесено од партијата ГЕРБ на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, бидејќи Кирил Петков и неговата Влада не успешно се справувале со спорот со Северна Македонија.
Пред Народното Собрание во Софија се собраа голем број на луѓе, а во тек се и неколку протести.
По гласањето, Кирил Петков имаше свое обраќање, и рече дека му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифунов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, и дека се надева дека еден ден ќе има држава без валкани игри и без мафија, една нормална европска држава.
Подготвено од М.Н.