23.06.2022 Скопје
Прес – конференцијата што требаше да се одржи во Брисел, по Самитот ЕУ – Западен Балкан, е откажана.
Требаше да одржат говор францускиот претседател Макрон, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но пред почетокот на Самитот, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека конференцијата се одложува.
Тој изразил незадоволство поради недостигот на напредок во Бугарија, во однос на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, а тоа воопшто не е добро решение за донесување одлуки во ЕУ.
Подготвено од М.Н.