30.06.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека лично преговарал во Софија и тврди дека изменетиот француски предлог, кој денеска пристигна во Владата, е конечен. Тој додаде и дека ако се прифати овој предлог, преговорите со ЕУ ќе започнат во наредните денови.
Османи истакна дека има свој став во однос на предлогот, но мисли дека прво треба да го презентира пред претседателот, Владата и другите институции и дека не може да навлезе во конкретните решенија што ги има во предлогот, пред претходна консултација со горе наведените, а потоа се надева дека ќе излезе пред јавноста и медиумите. Исто така, додаде и дека треба да се разгледа целиот пакет, сите аспекти и ставови, а потоа да се комуницира официјално и со француското претседателство.
Подготвено од М.Н.