27.06.2022 Скопје
Откако Никола Димитров побара оставка од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Османи преку објава на социјалната мрежа му одговори на неговиот претходник на позицијата.
Османи објави и документ кој бил прифатен во времето кога Димитров бил министер, со негов потпис таму пишува дека македонската страна го прифаќа бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи го името „Илинденско – Преображенско востание“.
Османи не смета дека Димитров имал лажни намери, но не е во ред да се премолчи ова и сега да напаѓа и да се противи на нивниот обид да направат пристоен протокол.
Османи напиша дека ќе продолжи со работата и ќе обезбеди пристојно решение со Република Бугарија. Исто така, истакна и дека документот што го презентира, недостасува во физичка форма во МНР и претпоставува кој го има земено и со какви намери тоа е направено.
Подготвено од М.Н.