https://www.facebook.com/photo/?fbid=608480430633282&set=pb.100044139924327.-2207520000..

17.06.2022 Скопје

Министерот Бујар Османи имаше воведно обраќање на министерската сесија насловена „Заедничко градење на отпорна европска безбедност“.

Османи зборувајќи за новата геополитичка реалност, која ја тестира отпорноста на европската архитектура, истакна дека одбраната на Украина не е во прашање само на опстојување на националниот суверенитет и територијален интегритет, туку во крајна линија станува збор за одбрана на Европа од мешање и империјален нагон на трети актери, со цел целосно распаѓање на државата.

Министерот Османи се осврна и на иднината на Западен Балкан, која е поврзана со Европа и кажа дека нема дилема, бидејќи географски краток поглед покажува дека Балканот не е периферија, туку срцето на Европа опкружен од сите страни со земји членки на Унијата.

Османи истакна дека стабилен, просперитетен и интегриран Западен Балкан претставува геополитичка инвестиција за безбеден, стабилен и просперитетен континент.

Подготвено од М.Н.

About Author