https://www.facebook.com/photo.php?fbid=402810465191772&set=pb.100063884652825.-2207520000..&type=3

20.06.2022 Скопје

Пратеникот од опозициската партија, Бојан Стојановски, на прес – конференција во Собранието даде изјава за првиот ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.

Стојановски изјавил дека мнозинството одбило три клучни амандмани и тоа, намалување на ДДВ – то на храната од 5% на 0%, издвојување на средства за акцизите и ДДВ – то за намалувањето на цените на горивото и третиот амандман, кој беше одбиен е линеарното зголемување на платите во јавниот сектор од 2 806 денари.

Стојановски истакна и дека особено внимание посветиле на третиот амандман, кој за жал мнозинството го одбило. Сепак, Стојановски додаде дека нема да запрат тука, и повторно комисиски ќе поднесат амандман за да можат сите вработени во јавниот сектор да го добијат тоа линеарно зголемување на платите, заради тоа што тоа е егзистенцијално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени.

Подготвено од М.Н.

About Author