28.06.2022 Скопје
По објавите дека Русија извршила напад на трговски центар во Украина и изјавата на Руското министерство за Одбрана, и Лавров ја повтори изјавата дека трговксиот центар бил празен во моментот кога дошло до пожар, поради што Русија погоди складиште за оружје и муниција.
Шефот на руската дипломатија рече дека Русија не го гаѓала трговскиот центар во украинскиот град Кременчук и дека тоа се е изрежирано од Украина и нејзините соработници.
Лавров изјави и дека што повеќе Западот се меша во оваа војна и испраќа повеќе оружје до Украина, толку подолго ќе трае судирот меѓу двете земји.
Подготвено од М.Н.