04.06.2022 Скопје
Министерот за образование, Јетон Шаќири, изјави дека сите синдикати во образованието се добредојдени во МОН да се разговара за барањата и да се најдат решенија. Тој истакна дека со ребалансот на Буџетот, веќе се предвидени повисоки плати од септември и дека ќе се разгледуваат модели за дополнителни можности за финансирање на сите универзитети.
Шаќири додаде дека со Националниот совет за високо образование ќе формираат работна група, која ќе го работи новиот Закон за високо образование, а ќе бидат вклучени претставници од Националниот совет, Ректорите од интеруниверзитетската конференција од јавните универзитети, студентите од Студентската унија, претставници од страна на МОН и претставници од Агенцијата за квалитет на високо образование, и ќе се утврди каде и како треба да се даде придонес за буџетирање или начин на финансирање на универзитетите.
Подготвено од А.Ѓ.