https://www.flickr.com/photos/andjelic/34093878272/in/photolist-TWL3cs-97G8rN-qNP18x-h1LQK5-2iNiYg-h1LDx3-g6KTqx-9rMC4K-c5LHYj-8gF3ci-ZaNwCs-GDPtCe-RdJv1K-dVcGKH-4vviEM-9MbBio-nzg7Fv-9rS6Nn-b4vrp2-KyhQy2-a4fek2-Ufc6i7-h1JPfp-eBkrkt-h1JKDB-pf2dmr-48jXwA-h1LHcs-h1LVar-c5LJaE-2dGykWy-h1LJui-ba6Qqk-4vvimV-HE7izr-4u92F9-4DebcU-scBfHu-4w8wig-d3UMZw-a4i5gA-6iDgPY-6HTskV-5nEjWh-5eNjZT-5eNkWX-eBkiYk-h1JKHJ-g6KbnT-h1K2y1

08.06.2022 Скопје

Српските медиуми пишуваат дека во раните утрински часови, почнале да пристигнуваатт нови дојави за бомби, каде мета биле неколку основни и средни училишта, како и една градинка.

Од Министерството за внатрешни работи во Србија, соопштија дека неколку училишта во Белград добиле пријави за бомби, а според неофицијални информации станува збор за основните училишта „Бранко Чопиќ“ Видиковац, „Илија Гарашанин“ во Грочка, „Крал Петар Втори“ во Врачар, „Соња Маринковиќ“ во Земун, „Ѓуро Стругар“, „Марија Бурсаќ“, како и Осма гимназија, Десетта гимназија, Петнаесетта гимназија, Петто економско училиште, Тринаесетта гимназија, Математичката гимназија, Машинското училиште „Радоје Дакиќ“ и основното училиште „14 Октомври“, сите во Раковица, но и градинката „Фица“ во Врачар. Воедно, стигнале и информации од неколку основни училишта во Карабурма, Петлово Брдо и Звездара.

Како што пренесуваат српските медиуми, пријавите биле испратени по електронска пошта, а полицијата излегла на терен.

Вакви пријави, кои како што се покажа по полицискиот увид во објектите, биле лажни, во претхониот период, пристигале до бројни училишта, како и други институции во Белград и други места во Србија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author