27.06.2022 Скопје
Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 %, донесе одлука Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
На светскиот пазар, нафтените деривати бележат намалување кај бензините во просек за 0,945 %, кај дизелот 1,174 %, кај Екстра лесното масло зголемување за 0,42 % и намалување кај Мазутот за 1,806%.
Еуросупер БС – 95 и Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 1 ден/лит.
Еуросупер БС – 98 се намалува за 0,50 ден/лит, лесното масло за домаќинство останува со иста цена, а Мазутот се намалува за 0,986 ден/кг и цената ќе биде 53,305 ден/кг.
Од 28.06.2022 година од 00:01 часот, ова ќе бидат новите цени на нафтените деривати:
– ЕУРОСУПЕР БС-95 – 95,109 ден/лит
– ЕУРОСУПЕР БС-98 – 111,50 ден/лит
– Еуродизел (Д-Е V) – 109,00 ден/лит
– МАЗУТ М-1 НС – 53,305 ден/кг
Курсот на денарот во однос на доларот, во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка, е понизок за 0,35%.
Подготвено од М.Н.