https://www.flickr.com/photos/192004829@N02/52193988761/in/photolist-2nwcQrX-bJEaca-4gDxAY-6KHvEH-5f83u3-5JCvec-2nruFWJ-arwTcm-7JAcfW-9asHav-2mCn7W8-tCL7D-cKNbo1-agE7n-5kH1hb-TLb1d1-5J4Jxy-2nGPZ89-2nGedHz-2nASkiW-2mCzSbD-2hzBcUs-2ksxSy9-K19fot-2dh4uRN-2iWMmwP-2newTuW-2n6Bt4r-aAnnrb-oFyfkk-FsZFn7-2nu72oN-2gBUBdj-2ncvhdq-4JN4vn-2gFsnKv-2mcagcU-2kPzW1p-Lvt5Z1-7RzMov-2a1juXh-TEYSNL-2hNGDiT-buTo8T-2ibErLw-2nuDTzE-vRdKN-2eXktvB-2jcNY1t-4ZWPpB

07.06.2022 Скопје

Статистика измери нов рекорд на инфлацијата од 12 отсто во мај годинава во спореддба со мај, минатата година. Најголемо поскапување има кај храната, каде што цената на маслото е повисока за околу 40 отсто, на лебот за над 20 отсто, на млекото, сирењето, јајцата за 16 отсто, но и кај транспортот и енергенсите.

Од бизнис секторот бараат државата итно да донесе мерки за стопанството, затоа што се сериозно загрижени за состојбата и она што се случува со цените и дека нема никаква најава дека нешто ќе се промени, а компаниите повеќе не можат да се носат со последиците, особено со цените на струјата, со што прашање на време е кога ќе почнат да затвораат.

Министерот Бектеши најави дека до крајот на неделава ќе се знае дали и со какви мерки ќе се интервенира кај цените.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author