https://twitter.com/TGenchovskaMFA/status/1513456970598170625/photo/1

30.06.2022 Скопје

Теодора Генчовска, министерката за надворешни работи во оставка, изјави дека освен одобрениот француски предлог во бугарскиот парламент, нов предлог не постои и дека од Скопје се очекува државна и одговорна политика и се зависи од нивната подготвеност. Исто така, истакна и дека Бугарија е подготвена да го потпише најновиот протокол од мешовитата меѓувладина комисија и се чека подготвеноста на Скопје.

Спротивно, пак, од изјавата на Генчовска, францускиот претседател Емануел Макрон, шефицата на германската дипломатија Аналена Барбок, претседателот на европскиот совет Шарл Мишел и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, изјавија дека двете страни преговарале овие денови и дојдено е до компромисен документ, што значи дека сепак има измени во првичниот француски договор.

Ковачевски изјави дека ставот на Владата на Република Северна Македонија околу предлогот ќе биде соопштен, откако предлогот ќе помине низ широк консултативен процес во институциите во Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author